ЗА ТРАНСЛОГ ЕКСПРЕС

Следејќи ги целите на нашата компанија и намерата да создадеме соодветна услуга за нашите клиенти, а во исто време прифаќајки го како дополнителен предизвик актуелниот непредвидлив развој на економијата, за да го прошириме портфолиото со нашите услуги, одлучивме почнувајќи од 01.09.2015 да влеземе во светот на транспортната дистрибуција и основавме ќерка фирма.

Водени од нашата страст и флексибилност за логистика, ние сме подготвени да понудиме соодветно решение за дистрибуција за секој клиент, избегнувајќи централизирани и неефикасни логистички продукти. Истовремено им нудиме на нашите клиенти издвојување на работата и преземање на дистрибуцијата на нивните производи, преку адекватни win-win решенија.

Нашата флота се состои од сосема нови возила, во согласност со најновите еколошки стандарди за ниска емисија на јаглерод диоксид, во согласност со нашата политика на општествено одговорна компанија.

Освен дистрибуција, нашата флота стои на располагање за поединечни испораки во македонија, но и регионално.