TRANSLOG Transport & Logistix

За ТРАНСЛОГ

Транслог е флексибилна и професионална компанија, предводена од млади и искусни професионалци. Нашата компанија е основана во 2008 година и оттогаш нашата младост е она што им носи свежина и иновација на нашите клиенти. Нашите луѓе се обучени да овозможат персонализирана услуга, со вистинска комбинација од цена и време потребно за транзит за да се исполнат целите на нашите клиенти. Ние навистина се грижиме за оптимизација на цената, но не се натпреваруваме само со тарифите, туку нашиот вистински предизвик е да најдеме иновативни решенија за нашите клиенти за да бидеме еден чекор пред конкуренцијата. Во оваа смисла целите на Компанијата се:
  • Целосно разбирање на потребите на клиентот.
  • Задаваме амбициозни, комплексни и дрски цели кои ќе ги реализираме со помош на приходите кои ги остваруваме.
  • Секогаш во потрага по алтернативни начини и поефикасни решенија за континуитет и пораст, со редовно ширење на портфолиото на клиенти.
  • Следење на трендовите и постојано инвестирање во нашите вработени.
Сосема свесни за тоа колку е важно да се одржи вистинскиот проток на товар и проток на пари во денешниов динамичен свет на секојдневни промени, ние секогаш им даваме на нашите клиенти соодветни и навремени информации за секој детаљ поврзан со нивните вредни пратки. Ова е тоа што нѐ прави различни од нашата конкуренција и ја прави нашата услуга единствена.

Веруваме дека Транслог ќе биде вашиот најдобар избор за посветено и вешто справување со вашата вредна пратка, затоа што ние сме доволно големи да озбезбедиме квалитетна услуга и доволно мали за да одржуваме одлична флексибилност и да ги задоволиме вашите потреби.