TRANSLOG Transport & Logistix

АВИОНСКИ КАРГО ТРАНСПОРТ

ТРАНСЛОГ ВО ВОЗДУХ
Следејќи го проширувањето на нашиот тим со високо обуцени професионалци, од 2016 година нудиме првокласен глобален авионски карго транспорт, на основа на соработка со сите Авиокомпании кои оперираат од/до Скопје и регионалните аеродроми.

Нашата услуга не е ограничена само на аеродромот, туку вклучува и целосен опсег на услугите „од врата до врата“. Исто така, на барање достапни се и карго чартер летови. Редовно ги следиме пратките и ги информираме нашите клиенти за нивниот статус и локација како и за претпоставеното време на пристигнување.