TRANSLOG Transport & Logistix

INCO ТЕРМИНИ

Inco термини или Интернационални комерцијални (Меѓународни трговски) термини е серија меѓународни правила со термини, издадени од Меѓународната трговска комора (ICC), кои нашироко се употребуваат во меѓународните трговски трансакции. Тие се прифатени од страна на владите, официјалните служби и практичари насекаде низ светот за толкување на најчесто употребуваните термини во меѓународната трговија. Ова ги намалува или отстранува целосно нејаснотиите кои произлегуваат од различната интерпретација на таквите термини во различни земји. Нивниот опсег е ограничен на прашања поврзани со правата и обврските на страните во купопродажниот договор во поглед на доставувањето на стоките што се продадени. Тие се употребуваат за да се поделат трошоците и должностите помеѓу купувачот и продавачот и ги рефлектираат највисоките достигнувања во транспортните практики. Тие соодветствуваат со Конвенцијата на ОН за Договори за меѓународна купопродажба на стоки. Првата верзија е објавена во 1936, а сегашната датира од 2000 година.

Од 1-ви јануари 2011, важи осмото издание Incoterms 2010 [1], [2]. Промените се однесуваат на петте термини претходно наброени во делот D, кои сега се во употреба и се заменети со следниве три:
  • DAT (Испорачано на терминал)
  • DATDAP (Испорачано на место)
  • DATDDP (Испорачано оцаринето)

Новите термини важат за сите видови транспорт.

Содржина
  • 1 Група Е - Тргнување
  • 2 Група F - Главниот превоз не е платен
  • 3 Група C - Главниот превоз е платен
  • 4 Група D - Пристигнување
  • 5 Резиме на термините
Група Е - Тргнување
EXW Ex Works (Наведено место).
Продавачот ги става стоките на располагање во неговиот деловен простор. Купувачот е одговорен за сите трошоци.
Овој трговски термин го става најголемиот дел од одговорноста на купувачот, а обврските за продавачот се минимални. Терминот Ex Works често се користи кога се прави почетна понуда за продажба на стоките без вклучени било какви трошоци.

EXW значи дека купувачот ги има подготвените стоките за подигнување во неговиот деловен простор (работилница, фабрика, складиште, плантажа) на денот што е договорен.
Продавачот ги доставува стоките во деловниот простор на продавачот или наведеното место (работилница, фабрика и складиште итн.), но не натоварени на возила или оцаринети за извоз.

Продавачот нема обврска да ги товари стоките, иако можеби во пракса тој е и во подобра положба да го направи тоа. Ако продавачот ја товари стоката, тој го прави тоа на ризик и на трошок на купувачот.
Ако страните сакаат продавачот да биде одговорен за утовар на стоките при тргнувањето и да ги сноси ризиците и трошоците за таквиот утовар, ова мора да биде јасно назначено со додавање на експлицитен текст во таа смисла во Купопродажниот договор.
 
Група F - Главниот превоз не е платен
FCA Free Carrier (наведени местата).
Испорачано извозно оцаринето до превозникот
Продавачот му ги предава стоките, извозно оцаринети, на првиот превозник (назначен од купувачот) на наведеното место. Овој термин е погоден за сите видови транспорт, вклучително воздушен, железнички, патен превоз и контејнерски / мултимодален поморски превоз. Ова е точниот „примено оцаринето“ термин за употреба кај контејнерски поморски пратки, без разлика дали станува збор за LCL (товар помал од еден контејнер) или FCL (товар за полн контејнер).
 
FAS Free Alongside Ship (наведено пристаништето за утовар).
Испорачано во пристаниште, надолжно до брод
Продавачот мора да ги смести стоките покрај бродот на наведеното пристаниште. Продавачот мора да ги оцарини стоките за извоз. Погоден е само за поморски транспорт, но НЕ и за мултимодален поморски транспорт во контејнери (види Incoterms 2010, издание на ICC 715). Овој термин типично се употребува за тежок или непакуван товар.
 
FOB Free on board (наведено пристаништето за утовар).
Испорачано на брод извозно оцаринето
Продавачот мора самиот да ги натовари стоките во бродот, назначен од купувачот, а трошок и ризикот се делат на бродската ограда. Продавачот мора да ги оцарини стоките за извоз. Погоден е само за поморски транспорт, но НЕ и за мултимодален поморски транспорт во контејнери (види Incoterms 2010, издание на ICC 715). Купувачот мора да му ги даде на продавачот податоците за бродот и пристаништето каде што стоките треба да бидат натоварени и не се наведува или не е обезбеден превозник или шпедитер. Не вклучува воздушен превоз. Овој термин многу често бил употребуван погрешно во последниве три децении откако во Incoterms 1980 било објаснето дека FCA треба да се употребува за контејнерски пратки.
 
Група C - Главниот превоз е платен
 
CFR Cost and Freight (наведено пристаниште како крајна дестинација).
Цена со превоз
Продавачот мора да ги плати трошоците и превозот за да ги достави стоките до пристаништето кое е крајна дестинација. Меѓутоа, ризикот се пренесува на купувачот откако стоките ќе се натоварат на бродот (ова правило е ново, од 2010!). Само поморски транспорт, осигурувањето на стоките НЕ е вклучено. Осигурувањето е на товар на купувачот.
 
CIF Cost, Insurance and Freight (наведено пристаниште како крајна дестинација).
Цена со осигурување и превоз
Исто како CFR само што продавачот мора дополнително да обезбеди и плати осигурување за купувачот. Само поморски транспорт.
 
CPT Carriage Paid To (наведено пристаниште како крајна дестинација).
Превозот платен до
Општ/контејнерски/мултимодален еквивалент на CFR. Продавачот плаќа за превозот до наведеното пристаниште, кое е крајна дестинација, но ризикот се пренесува кога стоките ќе му бидат предадени на првиот превозник.
 
CIP Carriage and insurance Paid (To) (наведено пристаниште како крајна дестинација).
Превоз и осигурување платени до
Контејнерски/мултимодален транпортен еквивалент на CIF. Продавачот плаќа за превозоти осигурувањето до наведеното пристаниште, кое е крајна дестинација, но ризикот се пренесува кога стоките ќе му бидат предадени на првиот превозник.
 
Група D - Пристигнување
Бројот на Incoterms ®правила е намален од 13 на 11. Ова е постигнато со воведување на две нови правила, кои можат да се употребуваат независно од договорениот начин на превоз - DAT, Испорачано на терминал и DAP, Испорачано на место - наместоIncoterms ®2000 правилата DAF, DES, DEQ и DDU.
И според двете нови правила, доставувањето е на наведената дестинација: кај DAT на располагање на купувачот, нерастоварено од превозното средство што пристигнало (како во поранешното правило DEQ); кај DAP исто така на располагање на купувачот, но подготвено за истовар (како во поранешните правила DAF, DES, DDU).
Новите правила ги прават Incoterms ®2000 правилата DES и DEQ непотребни. Наведениот терминал во DAT, може да биде и пристаниште, така што DAT може слободно да се употребува во случаите каде што порано било употребувано Incoterms ®2000 правилото DEQ. Слично, пристигнатото „превозно средство“ во DAP, може да биде и брод, а наведеното место како крајна дестинација може да биде и пристаниште: според тоа DAP може слободно да се користи и во случаите, каде што порано се употребувало Incoterms ®2000 правилото DES. Овие нови правила, како и нивните претходници, подразбираат „доставено“, така што продавачот ги сноси сите трошоци (освен оние кои се поврзани со увозното царинење, таму каде што е тоа потребно) и ризиците кои се поврзани со доставувањето на стоките до наведенето место како крајна дестинација.
 
DAF Delivered At Frontier (место на испорака).
Испорачано на граница
Овој термин може да се користи кога стоките се превезуваат со железнички или патен сообраќај. Продавачот плаќа за превеозот до наведеното место на испорака на границата. Купувачот организира за царинење и плаќа за превозот од границата до неговата фабрика. Пренесувањето на ризикот е на границата.
 
DES Delivered Ex Ship (наведено пристаниште).
Испорачано на брод во пристаниште
Таму каде што стоките се доставуваат ex ship, пренесувањето на ризикот не се случува сѐ додека бродот не пристигне во наведеното пристаниште како крајна дестинација, односно додека стоките не му се стават на располагање на купувачот за истовар. Продавачот ги плаќа истите трошоци за превоз и осигурување како што би платил во случај на CIF договор. Но за разлика од она што го предвидуваат правилата CFR и CIF, продавачот се согласува да ги сноси не само трошокот, туку и ризикот и правото сѐ до пристигнувањето на бродот во наведеното пристаниште. Трошоците за истовар на стоките и царините, таксите итн. се на товар на купувачот. Вообичаено е да се употребува овој термин при испраќање непакувани стоки, како јаглен, жито, суви хемикалии ... и таму каде што продавачот или поседува или има договорено свој сопствен брод.
 
DEQ Delivered Ex Quay (наведено пристаниште).
Испорачано на пристаниште
Ова е слично на DES, но до пренесување на ризикот не доаѓа сѐ додека стоките не се истоварат во пристаништето кое крајна дестинација.
 
DDU Delivered Duty Unpaid (место како крајна дестинација).
Испорачано неоцаринето
Овој термин значи дека продавачот му ги доставува стоките на купувачот на местото наведено како крајна дестинација во купопродажниот договор. Стоките не се увозно оцаринети или истоварени од никакво средство за транспорт на местото кое е крајна дестинација. Купувачот е одговорен за трошоците и ризиците за истоварот, царината и секакво понатамошно доставување подалеку од местото кое е крајна дестинација. Меѓутоа, ако купувачот сака продавачот да ги сноси трошоците и ризиците поврзани со увозот, царината, истоварот или понатамошна испорака подалеку од местото кое е крајна дестинација, тогаш сето ова мора да е експлицитно договорено во купопродажниот договор.
 
DAP Delivered At Place (наведено место како крајна дестинација).
Испорачано на место
Овој термин значи дека продавачот испорачува, тогаш кога стоките ќе му бидат ставени на располагање на купувачот при пристигнувањето на превозното средство, готови за истовар во наведенето место како крајна дестинација. Ова е точно она што го предвидуваше стариот Inco термин DDU.
 
DDP Delivered Duty Paid(наведено место како крајна дестинација).
Испорачано оцаринето
Овој термин значи дека продавачот плаќа за сите трошоци поврзани со превозот и ги сноси сите ризици сѐ додека стоките не бидат испорачани и ја плаќа царината. Се употребува исто така наизменично со терминот "Free Domicile". Ова е најсеопфатен термин за купувачот. Во повеќето увозни земји, даноците како (но не само) ДДВ и акцизите не треба да се сметаат однапред платени, затоа што тие се „повратни“ даноци. Според тоа ДДВ и акцизите вообичаено не претставуваат директен трошок за увозникот, бидејќи тие ќе бидат повратени при продажбата на локалниот (домашниот) пазар.
 
Резиме на термините
ЗАБЕЛЕШКА: Следниве информации се однесуваат на Incoterms 2000 и сега се заменети со различни информации во Incoterms 2010[3].За даден термин, „Да“ значи дека продавачот е должен да ја обезбеди услугата, вклучена во цената. „Не“ значи дека тоа е должност на купувачот.
Ако осигурувањето не е вклучено во терминот (на пример, CFR), тогаш осигурувањето за превозот е должност на купувачот или продавачот, во зависност од тоа кој го поседува товарот за време на превозот. Во случај на CFR, тоа е купувачот, додека во случај на CIF или CIP, тоа е продавачот.
 

Incoterms

Утовар до камион

Плаќање на извозни царински давачки

Превоз до пристаништето на извозникот

Истовар од камион на пристаниште на тргнување

Такси на пристаништето на тргнување

Превоз до пристаништето на увозникот

Такси на пристаништето на увозникот

Истовар на камиони од пристаништето на увозникот

Превоз до дестинацијата

Осигурување

Увозно царинење

Увозни царински давачки и даноци

EXW

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

FCA

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

FAS

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

FOB

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

Не

Не

CFR

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

CIF

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Да

Не

Не

CPT

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

CIP

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

DAF

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

Не

DES

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

Не

DEQ

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

Не

Не

Не

DDU

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Не

DDP

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Да

Не

Да

Да