TRANSLOG Transport & Logistix

ЛОГИСТИКА

Многу луѓе имаат дилема и проблем да определат поконкретно што значи логистиката и што покрива денес ... ние го разбираме нивниот проблем. Едноставно бидејќи потребите на пазарот и очекувањата се многу пошироки во смисла на тоа какви услуги би требало да вклучи еден модерен понудувач на логистика во своето портфолио.

Имајќи ги предвид денешните предизвици и приоритети за поголема безбедност и заштита на глобалната средина, ние сме длабоко фокусирани да создадеме и да одржуваме ефикасна едношалтерска услуга и комлетно покривање на логистиката за нашите клиенти.

Ние се разбира не веруваме дека сѐ е можно, но во нашиот свет на логистика, веруваме дека ништо не е невозможно. Секоја работа ја сфаќаме лично, секоја работа за нас претставува нов предизвик и ние ги исполнуваме налозите на клиентот со голема страст и посветеност.

Нашето регионално знаење и професионално искуство ни дава можности да се справиме со сите ваши барања, без разлика дали се работи за логистика на проекти, логистика на саеми, пакување, складирање, управување со налози, копнена дистрибуција, царинење, логистика на проекти, осигурување итн.

И не сакаме да застанеме тука бидејќи секогаш сме отворени за нови хоризонти.