Бродски транспорт

Првокласна услуга FCL (Превоз со полн контејнер) во соработка со водечки бродски компании, услуга преку сите регионални пристаништа (Копер, Риека, Плоче, Бар, Драч, Солун, Варна, Бургас). Нашата компанија има многу добри релации со водечките бродски превозници кои работат во регионот како MSC, Cosco, Maersk, CMA, Arkas итн. Ние исто така можеме да обезбедиме и редовна услуга и постојани цени по кубни метри за LCL (Збирен контејнерски превоз) од далечниот исток, со вклучени локални тарифи во местото на потекло.

Нашите активности со контејнерски превоз не се ограничени само на море & океан, туку вклучуваат и цел опсег на услуги од врата до врата. Ова значи дека ние сме во можност да извршиме многу ефикасен копнен превоз на секој контејнер со камион или воз до крајната дестинација. Дополнително, имаме договорено комбиња и камиони за нашите групни пратки.

Редовно ги следиме пратките и ги информираме нашите клиенти за нивниот статус и локација, како и за претпоставеното време на пристигнување.

Loading
Your message has been sent. Thank you!