Општествена одговорност

Транслог силно верува во општествената одговорност и затоа поддржува различни проекти и активности.

За сите да придонесеме во градење на општество без предрасуди и каде што сите се еднакви, важно е вклучувањето на компаниите во креирање на општествена свест и одговорност. Ние тоа секогаш го правиме со цело срце, искрено и со намера да помогнеме. На 02.09.2017 тимот на Транслог со помош на нашиот партнер KREATIVA.Ink организираше еднодневна екскурзија во Галичник за деца со Даунов синдром. Дечињата поминаа целосен ден исполнет со интерактивна забава и дружба притоа давајќи вистински пример за неизмерна љубов, храброст и добрина на сите нас. Им благодариме за љубовта, насмевките и пренесената позитивна енергија. #IamDOWNrightPERFECT.

2023-та година - учествуваме и дониравме средства во хуманитарна акција „Донирај топол оброк“ за деца од социјално загрозени семејства.

Како општествена одговорна компанија, секоја година донираме за најмалите на детската клиника онаму каде што е најпотребно

Секоја година активно ги поддржуваме спортските манифестации финансиски но и со директно учество како би ја подигнале свеста кај младите за спорт и рекреација.

Да бидеме хумани кога е најпотребно. Во координација со Црвен Крст учествувавме во реализација на транспорт со хуманитарна помош за земјите загрозени од катастрофалниот земјотрес Турција и Сирија.

СЕКОГАШ ПОДДРШКА ЗА МЛАДИ И ТАЛЕНТИ ВО СПОРТОТ

Транслог се приклучува на хуманитарната акција на Меѓаши за децата без дом каде што дели финансиска помош, и исто така учествува во проекти за грижа на децата.

Нашата компанија даде активна поддршка во организација на настанот Летни Олимписки Игри на Специјална Олипмијада одржан од 25 јули 2015 до 02 август во Лос Анџелес, САД