Општествена одговорност

 
Транслог силно верува во општествената одговорност и затоа поддржува неколку спортски активности. Ние сме горд основач и спонзор на спортски клуб Godfather's club triple X.
 

За сите да придонесеме во градење на општество без предрасуди и каде што сите се еднакви, важно е вклучувањето на компаниите во креирање на општествена свест и одговорност. Ние тоа секогаш го правиме со цело срце, искрено и со намера да помогнеме. На 02.09.2017 тимот на Транслог со помош на нашиот партнер KREATIVA.Ink организираше еднодневна екскурзија во Галичник за деца со Даунов синдром. Дечињата поминаа целосен ден исполнет со интерактивна забава и дружба притоа давајќи вистински пример за неизмерна љубов, храброст и добрина на сите нас. Им благодариме за љубовта, насмевките и пренесената позитивна енергија. #IamDOWNrightPERFECT.

 

Како и спонзор на спортски клуб Софка & Триатлон федерација на Македонија - Хуманитарна трка Маврово, Транслог учествува и е горд спонзор на многу маратони и триатлони.

 

Транслог се прилклучува на хуманитарната акција на Меѓаши за децата без дом каде што дели финансиска помош, и исто така учествува во проекти за грижа на децата.

 

Нашата компанија даде активна поддршка во организација на настанот Летни Олимписки Игри на Специјална Олипмијада одржан од 25 јули 2015 до 02 август во Лос Анџелес, САД.