Inco термини или
Интернационални комерцијални
(Меѓународни трговски) термини е серија меѓународни правила со термини,
издадени од Меѓународната трговска комора (ICC), кои нашироко се употребуваат
во меѓународните трговски трансакции. Тие се прифатени од страна на владите,
официјалните служби и практичари насекаде низ светот за толкување на најчесто
употребуваните термини во меѓународната трговија. Ова ги намалува или
отстранува целосно нејаснотиите кои произлегуваат од различната интерпретација
на таквите термини во различни земји. Нивниот опсег е ограничен на прашања
поврзани со правата и обврските на страните во купопродажниот договор во поглед
на доставувањето на стоките што се продадени. Тие се употребуваат за да се
поделат трошоците и должностите помеѓу купувачот и продавачот и ги рефлектираат
највисоките достигнувања во транспортните практики. Тие соодветствуваат со
Конвенцијата на ОН за Договори за меѓународна купопродажба на стоки. Првата
верзија е објавена во 1936, а сегашната датира од 2000 година.
Од 1-ви јануари 2020, важи новото издание Incoterms 2020 . Промените се однесуваат на неколку термини претходно наброени во делот D, кои сега повеке не се во употреба и се заменети:
- DAT
(Испорачано на терминал) заменето со DPU
-
DPU
( Испорачано на
истоварно место- неистоварено)
Новиот термин важи за сите видови на транспорт.
Содржина
- 1
Група Е - Тргнување
-
2
Група F - Главниот превоз не е платен
-
3
Група C - Главниот превоз е платен
-
4
Група D - Пристигнување
-
5
Резиме на термините
Резиме на термините
ЗАБЕЛЕШКА: Следниве информации се однесуваат на новите правила , Incoterms 2020 и сега се заменети со
различни информации од Incoterms 2010.
За даден термин, „Да“ значи
дека продавачот е должен да ја обезбеди услугата, вклучена во цената.
За даден темин, „Не“ значи дека тоа е должност на купувачот.
Новина во Incoterms
2020 е делот за
осигурување и прдвидува измени за осигурувањето на пратките / превозот .
Осигурувањето за превозот освен кај CIF и CIP
испоракте
, каде е должност на продавачот , во сите останати случаи е предмет на договор.