Политика за квалитет


Политиката за квалитет ја креира, спроведува и одржува врвното раководство на Транслог, во интензивна комуникација со сите компетентни лица и истата е прифатена и со тоа обврзувачка за сите вработени. Таа ги респектира барањата на стандардот ISO 9001:2015 да биде во согласност со целите и контекстот на организацијата и да ги поддржува нејзините стратешки определби. Исто така, таа јасно ги покажува заложбите на организацијата за остварување на задоволството на клиентите, преку постојано подобрување на системот за менаџмент на квалитетот.

Респектирајќи го претходното, дефинирани се следните цели на политиката за квалитет:

  • Постојано практикување на иновативност.
  • Унапредување на квалитетот во работењето.
  • Подобрување на флексибилноста.
  • Унапредување на ефикасноста во работењето.
  • Подобрување на диверзификацијата на услугите.

Исполнувањето на овие цели треба да доведе и до исполнување на надредената цел:Зголемување на задоволството на клиентите.

ISO 9001:2015


Нашата визија е многу едноставна – да бидеме број 1 на регионалните пазари во поглед на:

  • Иновативноста;
  • Квалитетот;
  • Флексибилноста;
  • Ефикасноста;

Партнерство